Зголемување од по 3 денари на цигарите се предвидува се до први јули 2016 година, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.