Најмалку 20 цивили загинаа, а 41 се повредени во денешниот напад од страна на шиитските бунтовници врз станбен дел во јеменскиот град Аден, соопштија медицински извори.

Петнаесет ракети од типот „Катјуша” биле истрелани рано изутринава во овој кварт од градот, каде прво била нападната една фреквентна улица.

Аден е центар на жестоки борби меѓу шиитските бунтовници и провладините сили.