Светлана Цеца Ражнатовиќ 20 години не поминала само на едно мето во Белград за кои ја врзуваат болни и тешки спомени.

Имено, пеачката на 15 јануари 2000 година го загубила сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан, кога тој со двајца пријатели е убиен во хотелот “Интернационал“ на Нов Белград. Цеца во тој момент била во хотелот, а настанот врз неа оставил тешки последици.

“Цеца од тој настан никогаш повеќе не стапнала во хотелот! Едноставно, не можела бидејќи ужасните сцени и биле пред очи! Дури и кога нејзини блиски пријатели правеле некои прослави на тоа место, таа никогаш не се појавувала, со што не и било замерено – наведува соговорник за порталот Пинк рс.

Ражнатовиќ во една од своите исповеди потврдила дека после 2000, никогаш повеќе не стапнала на местото на страшниот злочин.

„За мене тоа е место на гробот на Жељко. Никогаш човек со тоа не се помирува, но морав да научам да живема со своите стравувања кои ми се случија“ – рекла Цеца.