Македонски Телеком ги известува своите корисници дека во наредниот период ќе се исклучува надземната бакарна мрежа и ќе се заменува со подземна оптичка мрежа.
Во општина Центар до јуни 2014 година на оптичка врска треба да мигрираат околу 3500 корисници. Процесот предвидува инсталација на нова опрема во домовите на корисниците, кои по миграцијата на новата мрежа базирана на оптика до домот и понатаму ќе можат да ги користат постојните услуги, но и да пробаат Оптик пакети, 2 месеци, без никаква доплата.

Оптика до домот, која е најнапредна технологија во светот за широкопојасен интернет и телекомуникациски услуги, овозможува до 60 Мбпс дојдовна и појдовна интернет брзина, најстабилна интернет врска до сега и можност за гледање на повеќе ТВ програми со висока резолуција во исто време. Сите корисници ќе бидат навремено известени за интервенцијата, за која Македонски Телеком целосно ќе ги покрие трошоците. Интервенцијата е неопходна за да можат корисниците и понатаму да ги користат услугите на Македонски Телеком.