На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 30 центи на 52,12 УСД, колку што скокна и на американскиот пазар, 49,15 УСД.

Саудиска Арабија и Русија се согласија дека периодот на намалено снабдување за околу 1,8 милиони барели дневно би требало да биде продолжен до крајот на март следната година.

Важечкиот договор предвидуваше завршување на тој период во јули оваа година.