Професорката на музичкиот факултет, Дарија Андовска пред две дена се нашла во непријатна ситуација кога на состанок на катедрата, како што вели, се говорело за нејзините статуси и искажување на личното мислење на социјалните мрежи.

-Денес, на состанок на катедра, се зборуваше за моите фб-статуси буквално половина час. Официјално, со декан и со продекан. Со неосновани напади и измишљотини, да знам дека не сум “симпатична”. Да нема недоразбирање, НЕ се зборуваше за мојата професионалност и работа, туку за мој личен став и мислење на мој приватен профил. На состанок на катедра. Толку околу нивото на професионалност, колегијалност и, на крајот, демократија и човечност. Ама фала за вниманието, пишува Андовска на Фејсбук.