Нафтата на стоковите берзи на почетокот на јуни чинеше над 51 долар по барел, со што е одбележан трет месец континуиран раст на нејзината цена, како резултат на застојот во снабдувањето со енергенсот од Нигерија и Канада, како и на падот на производството во САД.

Според податоците на Светската енергетска агенција, неочекуваниот застој во снабдувањето од земјите членки на ОПЕК и државите кои не се членки на оваа организација, резултирало со пад на глобалната достава на нафта.