На лондонскиот пазар цената на барелот околу пладне падна на 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,25 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус од 4,2 отсто. На американскиот пазар со барелот денеска се тргува по речиси непроменета цена во однос на вчерашното затворање, од 46, 95 долари. Вчера тргувањето го заврши во плус за 5,7 отсто.

Вчерашното затворање на пазарот го одбележа податокот дека залихите на сирова нафта во клучниот американски јазол Кушинг во минатата недела се намалени за дури 1,9 милиони барели, што е најголем неделен пад од февруари минатата година. Вкупните залихи на сирова нафта во минатата недела паднаа за 2,1 милион барели.

Нагорниот тренд денеска го сопреа податоците од Јапонија кои покажаа забавување на извозот во август, сигнализирајќи го влијанието од слабеење на активностите во втората по големина азиска економија. Кинеската слабост влијаеше и на Јужна Кореја и Тајван, покажуваат податоците објавени во четвртокот, што ги поттикна стравувањата од послаби изгледи за светскиот економски раст.

Фокусот сега се пренасочува на американската централна банка која по дводневната седница треба да ја објави одлуката за монетарната политика. Во меѓувреме уделот на аналитичарите кои предвидуваат дека Фед сепак би можел да ги подигне каматите падна на 25. Слабите изгледи за ваквиот потег го притискаат доларот, што ја јакне куповната моќ на оние кои поседуваат останати валути.