“Банкарскиот сектор е отпорен на секој шок што може да се случи поради ситуацијата во Грција. Ние во минатото преземавме мерки. Прво во Законот за банки имаме ограничување кое многу пати досега сме го нагласиле, а тоа е домашните банки да не можат да изложуваат кон матичните групации повеќе од 10 проценти од својот капитал. Пред две години донесовме една макропрудентна мерка со која за секоја изложеност кон земји кои имаат кредитен рејтинг понизок од Б минус, веднаш банките да мора да изделат 50 проценти резервација и по ова такви изложености скоро и да не постоеја. Вчера донесовме уште една мерка, со важност од шест месеци, со која целосно ги затвораме вратите за одлив на капитал од Македонија кон Грција. Иако не очекуваме дека такви обиди ќе има, сепак за да бидеме на сигурно, ја донесовме таа одлука со која нормалното работење меѓу македонски и грчки фирми продолжува како и досега. Единствено сега нема да може да се даваат заеми и вложувања од Македонија кон Грција, истакна Богов, додавајќи дека тоа важи не само за банките, туку и за фирмите и граѓаните.
Според Богов, доколку банкарскиот сектор во Грција пропадне, тоа нема да се одрази врз домашниот банкарски сектор.

– Доколку дојде до крах на банкарскиот систем во Грција тоа ќе биде многу лоша ситуација за грчката економија, мегутоа во Македонија тоа нема да се одрази воопшто. Нашиот банкарски систем ќе продолжи да функционира без никакви последици. Оние банки кои се во грчка сопственост, се домашни банки кои работат според нашата регулатива и тие ќе продолжат понатаму. Единствено може да го промени сопственикот, потенцира Богов.
Грчката криза, вели тој не може да се прелее преку банкарскиот сектор, но тоа може да се случи преку трговскиот канал и би значело помалку нарачки од Грција. Но, трговската размена меѓу двете земјие во опаќање и оваа земја не е веќе  ниту петте наши најголеми трговски партнери. што sе однесува до грчките инвестиции во Македонија, нивното салдо изнесува 433 милиони евра и главниот прилив е во периодот од 2007-2008 кога во Грција почна кризата.
Според Богов, доколку банкарскиот сектор во Грција пропадне, тоа нема да се одрази врз домашниот банкарски сектор.
Народната банка на Република Македонија вчера објави дека презема неколку заштитни мерки со привремен карактер. Мерките се воведуваат со рок на траење најмногу од шест месеци, а се однесуваат на ограничување на капиталните одливи од резидентите на Република Македонија (физичките и правните лица) кон грчките субјекти врз основа на новосклучени капитални трансакции, но не и на ограничување на одливите врз основа на пристигнати плаќања за веќе склучени капитални трансакции.
Мерките се преземени по одлуката на Европската централна банка да го замрзне нивото на вонредна ликвидносна поддршка имајќи го предвид непродолжувањето на Програмата на ЕУ за прилагодување на Грција и ризикот за неизвршување од страна на Грција на отплатите по долгот кои достасуваат на 30 јуни, откако грчката влада одлучи да одржи референдум за условите на нејзината програма со кредиторите, што фактички значи исклучување на банките од Република Грција од програмата на Европската централна банка за итна ликвидносна поддршка  и најверојатно воведување капитални контроли во Грција.

Банките затворени !

Грчката влада од вчера ги затвори сите банки во наредните шест дена, а од денеска од банкоматите максимално ќе може да се повлече  лимитиран износ.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас претходно соопшти дека банките одреден период ќе бидат затворени и ги обвини европските партнери и Европската централна банка дека вршат притисок врз Грција.
Мерката е со цел да се спроведе контрола на капиталот, откако Грците, на неговиот ненадеен повик на референдум за барањата на кредиторите за реформи со кои се условува финансиската помош за земјата, одговорија со масовно повлекување пари од сметките. Сепак, тој дополни дека тоа нема да ја поколеба Владата да го спроведе најавениот референдум на 5 јули. 

 

Грците ги празнат банкоматите во Гевгелија

Од вчера се шпекулира дека Грците навалија во пограничните места во Македонија и дека се празнат банкоматите од нашите банки. Богов вели дека грците може да подигаат пари од наши банкомати, но не им е исплатливо да ја преминуваат границата бидејки имаат дневен лимит кој им важи секаде во светот, па и кај нас. Дури и да повлечат средства од нашите банкомати, за сите настанати обврски гарантираат Мастеркард и Виза, кои ќе ги израмнат износите со банката исплатувач на средствата. вели Богов


Стопанска банка – Скопје: Парите на штедачите и фирмите се сигурни!

Во контекст на последните случувања, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш би сакала да потврди дека како независно правно лице кое работи во рамките на законската регулатива на Република Македонија, целосно почитувајќи ги мерките на Народната банка на Република Македонија, продолжува со извршување на редовните банкарски активности, при што сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво.
Високата капитална и ликвидноста позиција на Банката, која е изградена во досегашниот период како гарант на сигурноста и стабилноста на Банката, ќе биде зајакната со најавената одлука за зголемување на капиталот за дополнителни 35 милиони евра.
Со тоа Банката продолжува да биде еден од основните столбови на банкарскиот систем и економијата во земјата, стои во соопштението на Стопанска банка.

“Како и до сега, така и понатаму, апсолутно депозитите во Стопанската банка – Скопје се сигурни. Банката продолжува со стабилно и профитабилно работење и силна капитална база која ја гарантира сигурноста на депозитите”, вели Тони Стојановски, директор на Стопанска банка – Скопје.

Стопанската банка Скопје, заедно со Алфа банка, се во целосна грчка сопственост.

Дека не е забележано повлекување на депозитите од двете банки со грчки капитал и дека ситуацијата е стабилна, потврдува и гувернерот Богов. Ѕтој вели дека и Стопанска банка и Алофа банка имаат одлична ликвидност, адекватноста на капиталот им е над 16 насто, Што е високо0 ниво

 Нашите граѓани може да вадат пари од банкомати во Грција !

Македонските граѓани кои во моментот летуваат во Грција, според гувернерот Богов можат да повлечат пари од банкоматите онолку колку што им е лимитот даден од матичната банка.
Тие може да подигаат пари од банкоматите во Грција согласно лимитите што им ги има поставено нивната матична банка, односно издавачот на картичката. Лимитите што важат во Грција не се однесуваат на нив, појасни гувернерот на Народната банка.
И грчката Влада соопшти дека нема да има ограничувања за странските туристи при повлекувањето пари од банките во земјата. Истовремено, властите во Атина одлучија дека туристите кои претстојуваат во Грција и сопствениците на кредитни картички издадени во други земји нема да бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.

Засега нема масовно откажување на аранжманите за Грција

Засега нема масовно откажување на аранжманите за Грција, велат од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.
Агенциите немаат откажувања за Грција. Ја следиме ситуацијата. Во моментот и не е толку опасно со оглед на тоа што нашите туристи во Грција повеќе одат во апартманско сместување. Ако банките се затворени тогаш може да дојде до затворање на одредени бензински пумпи или големи маркети. Може да се случи се, но сметаме дека нема да има проблем, изјави Славе Сирачевски, заменик претседател на Здружението за угостителство и туризам.

Поради Грција, во среда вонреден состанок на ЕУ

Германската телевизиска мрежа Це-Де-Еф најавува можност од одржување вонреден самит на Европската Унија во среда, на која што единствена тема би била состојбата во Грција.
Најавата за вонредниот самит доаѓа во очекување на обраќањето на германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот.
Во меѓ увреме, „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” повикувајќи се на извори во Брисел наведува дека грчката Влада нема доволно пари за да го организира ветениот референдум за понундата на кредиторите кон Грција.



Во кеш преку граница може да се изнесат до 2000 евра!
Доколку при излез од Македонија сакате да носите кеш, законот вели дека без проблем може да се изнесат најмногу до 2000 евра по лице. За износи од 2000 евра до 10.000 евра мора да приложите потврда од банка или менувачница, а изнесувањето на ефективни странски пари над 10.000 евра во кеш е забрането.

Грците масовно полнат бензин и купуваат храна

Затварањето на банките го предизвика и очекуваното станпедо во Грција по продавниците, бензинските пумпи, пазарите, туристичките агенции … Грците брзаат да се снабдат со прехранбени производи и гориво, во очекување на влошување на ситуацијата во земјата. Претседателот на синџирот на бензински пумпи  ,Вангели Котсос изјави за националната телевизија дека половина од неговите бензински пумпи веќе немаат горива. Тој додава дека за два и пол часа бензинските пумпи се продале количини на гориво кои обично се продаваат за два дена. Според него, сепак, постепено се набљудува нормализирање на ситуацијата. Грците се повеќе масовно се упатуваат кон бензинските станици и носејќи туби, во случај на сериозна криза. Некои бензински пумпи во земјата прибегнуваат кон ограничување на количините кои им овозможуваат да се полнат, во рамките на до 20 евра по корисник.


Јункер со порака до Грците: “Не” на референдумот за новиот договор значи “не” на ЕУ!

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, вчера одржа, се чини историска прес-конференција во Брисел, во која во емотивен настап, набиен со жестоки и искрени пораки, тој побара од Грците да кажат “ДА” на претстојниот референдум на 5 јули за прифање на договорот за кредитирање со меѓународната финансиска “Тројка” ЕК, ЕЦБ и ММФ .
Јункер во својот настап го потврди и она што се шпекулира со месеци и години, а тоа е дека напуштање на Еврозоната ќе значи и збогување со ЕУ за Грција.

(В.М.Б.- С.В. )