ОПШТИНСКИ СОВЕТИ

Општинските организации на ЛДП од Крива Паланка и општина Илинден преминаа во ДОМ на Лилјана Поповска. Одлуката велат, ја донеле поради тоа што не се согласуваат со политиките на опозицискиот лидер, каде што коалицира и нивната партија. Не ја поддржуваат ни одлуката за бојкот на избори, ниту уличната демократија што ја спроведува опозицискиот фронт.

Екс претседателот на општинската организација на ЛДП во Крива Паланка, Цветимир Николовски истакна дека уличната демократија не е начин на дејствување.

“Ваквиот начин на дејствување на опозицијата не е наша заложба. Ние упативме барање и кажавме дека не сакаме да учествуваме во спроведување на демократија од улица. Јас и моите сопартијци одлучивме дека работиме за да придонесеме за развој на општината затоа ја донесовме одлуката да преминеме во ДОМ, истакна Николовски.

Несогласувањето со политиките на Бранко Црвенковски е причината што членовите на општинската организација од Илинден, за локалните избори поднесоа кандидатури за општински советници преку партијата ДОМ. (Ј.Ц.)