Кошаркарот Дерик Роуз го доживеа најголемиот пад на формата во НБА лига, а тоа беше причина трет пат во три сезони да го прмени клубот. Во претстојната сезона своите кошаркарски квалитети ќе ги покажува во редовите на вицешампионот Кливленд.

Но, додека тимот на “коњаницата” се подготвува за почеток на новата сезона во најквалитетната кошаркарска лига, првиот пик од 2008 година е главна тема во медиумите во САД. Речиси сите пишуваат за неговата фризура, а му дадоа и нов прекар “Sвезда во пад”.

Навистина не им обрнивам внимание на таквите коментари. Кога ќе излезам на терен, сите приказни на новинарите ќе бидат минато. А, таквите нивни коментари ме мотивираат да ја променам фризурата. Ја пуштив косата за да покажам дека имам свое мислење. Поради тоа сите започнаа да коментираат за мене, а воено не ми е грижа за тоа, изјави Роуз.

Тој минатата сезона настапуваше за Њујорк каде бележеше по 18 поени, со 47 % прецизност во шутот. Кливленд НБА сезоната ја започнува против Бостон на 17 октомври.