Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.

Поранешната министерка за култура – Ганка Цветанова, реагираше на петочното одбележување на 30 години постоење на навивачката група „Швepцери.

Да дозволиш собир и дивеење на навивачка група во храм на уметноста е скандалозно само по себе но, од друга страна, е вистинска рефлексија на односот кон културата во Македонија. Што е следното, МНТ да го пратите да настапува на стадионот во Чаир?, напиша Цветанова на Твитер.