Власта и министерката за образование и наука Мила Царовска се дрзнуваат да ги стават учениците и вработените во воспитно-образовниот процес во уште поголем ризик од оној во кој секојдневно се наоѓаат. Сè повеќе расте бројот на новозаразени во воспитно-образовните установи, како и наставници, ученици, деца и негувателки во изолација, реагираат од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Со учениците од прво до трето одделение коишто се во изолација се јавува огромен проблем со онлајн наставата затоа што немаат сите информатичка опрема и достапност да ја следат наставата.

Ако Царовска ветува образование достапно за секое дете тогаш веднаш да обезбеди услови за сите ученици да можат да ја следат онлајн наставата.

Приоритет на Царовска треба да биде заштита на наставниците и учениците, како и обезбедување пристап до образование на секое дете.

Почитувани, Власта и министерката за образование и наука Мила Царовска се дрзнуваат да ги стават учениците и вработените…

Posted by Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ on Saturday, November 7, 2020