Во изминатите девет месеци од годината Царинската управа на Македонија има собрано дополнителни 350 милиони денари или 5,7 милиони евра преку дополнителните контроли кај увозниците врз основа на лажно декларирано потеклото на увезените стоки, како и за декларираната вредност на стоките. Ваквата вонредна “жетва” во Царината уследи по серијалот контроли на издавањето и прифаќањето на еуросертификатите кај увозниците и кај извозниците, посебно по неколку инциденти кои се случија со лажно декларирано потекло. Таков беше случајот со увезени килими од Косово, декларирани наводно со потекло од Косово, за потоа и тамошната царина да потврди дека килимите не биле од таму, туку реекспорт од трета земја. Неколку “увозни испади” имало и со неколку производи од Хрватска (кафе, алуминиумски фолии и други стоки), кои биле декларирани со потекло од оваа држава со која имаме Спогодба за слободна трговија и царинска стапка на увоз “0″. Во слу- чај која се открива лажно потекло, велат во Царината, се пресметува полна стапка на царинење од 15 насто, бидејќи станува збор за реекспортирана стока од земји со кои немаме Спогодби за слободна трговија, а на што нај- често Европа покажува со прст. Ригорозните контроли кои ги најавува Царинската управа (само до септември годинава имаше 186 дополнително контроли на потеклото), во пресрет на европрашалникот, но и на целосната имплементација на директивите на ЕК, велат во Царината, треба само да покажат дека имаме административен капацитет за почитување на европравилата, но првенствено да овозможиме лојална конкуренција, да го заштитиме домашното производство и да го стимулираме извозот на македонски производи. Ние немаме намера да ги затвориме фирмите, велат во Управата, но долж- ност ни е да ги предупредиме фирмите увозници и извозници да внимаваат во склучувањето договори со странските партнери и задолж ително да воведат клаузула за потекло на стоките, односно да гарантираат дека потекнуваат од таму од каде ги земаат, бидејќи дефинитивно не можеме да ги избегнеме строгите правила на ЕУ и преку нивните системи кога и да е “тајните потекла” ќе бидат пробиени. Царината освен тоа има право да побара банкарска гаранција или готовински депозит во износ на царината која треба да се плати за одреден увоз, ако се сомнева околу потеклото на стоките. Ние, велат во оваа институција, имаме одлична соработка со другите царински служби и ако нашите сомневање во рок од 10 месеци (до кога го очекуваме царинскиот фит-бек за сомневањата) се потврдат како основани, ги активираме гаранциите. Овие мерки се превентивни, бидејќи Македонија, сепак, успеа да ги избегне големите скандали со извозот на ЕУ-пазарите што ги имаа, на пример, Србија и Хрватска со ше- ќерот, кој се докажа дека нема домашно потекло, поради што им беше симнат преференцијалниот третман.


ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА