“Драган Канатларовски останува селектор на македонската фудбалска репрезентација до крајот на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2006 година. Така одлучи Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на вчерашната двочасовна седница. По устниот извештај на Цапар пред првите луѓе на мак-фудбалот, за неговата работа во периодот додека е на чело на нашиот национален тим, Управниот одбор се одлу- чи да му ја одбие понудената оставка за поразот од Андора (0:1). Заклучокот на членовите на УО бил дека е чесно што стручниот штаб и фудбалерите комплетно ја прифаќаат одговорноста за дебаклот во Андора Ла Вела. Затоа, тие им дадоа можност истите да се исправат до крајот на квалификациите за СП 2006. “Нема враќање назад, да гледаме напред”, изјави за “Вечер” селекторот Канатларовски, веднаш по одлуката да остане на чело на “црвено- жолтите”. “Андора ќе ни остане ‘црна дамка’ во кариерите на сите нас. Животот тече понатаму, а претстојната средба со Чешка Р. е прва шанса да се рехабилитираме”, додаде Цапар. По одлуката да биде прифатен правилникот за здравствена заштита и допин-гконтрола, наскоро, во македонскиот фудбал ќе се проверуваат фудбалерите дали користат недозволени супстанци. Д-р Илија Стоилов е именуван за раководител на ова тело, а испитувањата ќе се вршат во медицинската лабораторија на фармакологија во Државната болница. Предлозите за измените и дополнувања на Статутот на ФФМ се усвоени и тие ќе бидат потврдени на Собранието, што ќе се одржи наскоро. Прволигашите се задолжуваат да имаат по три екипи од младинските категории, а второлигашите најмалку една. Именувани се и нови комесари за натпреварувањата кај младите категории и во женскиот фудбал,Драган Николовски (“Дневник”) и Драган Видиниќ (“Македонски Спорт”). (Б.Н.)