x

Хјустон ја доби „мајсторката“ со Оклахома, Мајами повторно подобар од Милвоки

hjuston-oklahoma

Последниот патник во конференциското полуфинале е екипата на Хјустон, која во „мајсторката“ со Оклахома утринава обезбеди победа од 104:102 и успеа да закаже серија на полуфинални дуели со екипата на ЛА Лејкерс.

Во драматичен меч и двата тима се менуваа во водство, а Хјустон имаше повеќе нерви во завршницата обезбедувајќи го потребниот триумф во седмиот дуел.

И на оваа средба кај победниците важен збор имаше Џејмс Харден. На четириесет секунди пред крајот, тој најпрво убаво му асистираше на ПJ Такер, погодувајќи за водство со 103:101, а потоа на пет секунди пред крајот блокираше шут за три. Ковингтон и Гордон постигнаа по 21 поен за Хјустон, додека Харден застана на 17. Кај Оклахома Дорт имаше 30 поени.

Во вториот натпревар од втората рунда во плеј-офот, кошаркарите на Мајами и вторпат го поразија големиот фаворит Милвоки. Предводени од извонредниот Горан Драгиќ кој средбата ја заврши со 23 поени, „жешките“ приредија уште еден одличен дуел кој на крајот го добија со 116:114.

Крис Мидлтон на само пет секунди пред крајот погди три слободни фрлања за Милвоки и израмни на 114:114, но кај Мајами Батлер ја презеде одговорноста и непосредно пред звукот на сирената погоди изнуди слободни фрлања, кои потоа ги реализираше за победа.

Адетокумпо со 29 поени беше најефикасен на паркетот, но Бакси не успеаја да остварат позитивен резултат и на овој меч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата