x

Хулк: Не сакам повеќе да играм во Кина, сакам во Европа или во Бразил

Бразилскиот напаѓач Хулк ќе ја напушти Кина оваа година и ќе потпише за друг клуб кој ќе испрати најдобра понуда. Неговиот договор со Шангај СИПГ истекува на крајот на 2020 година,а Бразилецот не сака да го продолжи.

Мојот договор истекува во декември. Имавме разговор со луѓето и им кажав дека нема да го продолжам. Сега чекам понуди. Има интерес од клубови од неколку држави. Има некои извонредни клубови од Европа кои играат во Лигата на шампионите, а тука се и бразилски клубови. Но имам и понуди од Кина, но не сакам повеќе да играм во Кина. Заминувам. Ќе играм или во европски или во бразилски клуб“, изјави Хулк кој пред да замине во Шангај играше за Зенит, а пред тоа се прослави во Порто.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата