Најзаинтересиран за услугите на Хулкенберг беше новоформираниот Формула 1 тим Хас Рејсинг, кој ќе се натпреварува од следната сезона, но Германецот реши да продолжи на уште две години со сегашниот тим.

Хулкенберг дебитираше во Формула 1 во 2010 година за тимот на Вилијамс, потоа една сезона мина во Форс Индија, а во 2013 возеше за Заубер. Од 2014 година повторно е дел од Форс Индија, каде ќе вози следните две години. Во досегашната кариера има освоено вкупно 256 бодови, а лани финишираше на деветото место со 96 бода. Никогаш не бил на победничкиот подиум, но има остварено една пол-позиција.