x

Хуеска со понуда за Аријан Адеми

ademi-izbor

На само неколку дена од нашиот историски дуел со Косово, а по само неколку дена од уште еден одличен Европски настап во дресот на неговиот сакан Динамо против тимот на Естонска Флора, Аријан Адеми доби интересна понуда, со која има можност да се пресели во Шпанската Примера.

Се работи за тимот на Хуеска, кој одеднаш се појави како кандидат за услугите за недопирливиот капитен на Загребскиот гигант.

Хрватите пишуваат дека Хуеска не е тим кој може финансиски да се разгоропади што се вели, и да ги задсити апетитие на клуб како Динамо кој е научен своите големи имиња да ги продава за милионски суми.

Па така, она што може да го понуди Хуеска е два максимум три милиони евра, а и на име на плата тешко дека ќе може да го подмири реално скапиот Адеми. Сепак, нашиот репрезентативец не е веќе тинејџер, добро знаеме сите што се му се случуваше изминатите години, и тој не смее така лесно да отпишува понуди од екипи кои играат во големата петорка шампионати на Европа, па било тоа и тимот на Хуеска.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата