Не е познат точниот број на сексуални злоставувања од страна на пофесори врз ученички во училиштата во Сенегал, вели најновиот извештај на организацијата „Хјуман рајтс воч“. Според извештајот, и покрај мерките кои ги презела Владата за заштита на децата од злоупотреба и екплоатација, сепак бројот е застрашувачки.

Голем е бројот на ученички кои забремениле како резултат на сексуални врски со професор, кој потоа негирал дека имал било каква врска со ученичката. ХРВ додава дека тие девојки потоа го прекинуваат образованието поради бременоста.

Голем дел од девојките кои биле малолетни во моментот кога биле изложени на секс со професор, рекле дека професорите ги натерале на секс во замена за подобри оценки, храна, мобилни телефони и нова облека.

Директорите на училиштатат, според податоците, ги прикривале обвинувањата против вработените за да ја сочуваат репутацијата на училиштето, но и поради страв дека ќе го загубат персоналот.

Инаку законот, воведен во 2013 година, предвидува казна затвор од 10 години за професор кој имал сексуална врска со ученик.

извор: Makfax