Изолацијата се чини дека си го направи своето, па еден Хрват, жител на Осијек подигнал шатор во својот двор и се преселил надвор затоа што не можел повеќе да ја трпи својата сопруга

Поради пандемијата што го парализира целиот свет, сведоци сме на навистина различни и необични ситуации – од напуштени трговски центри, празни улици, празни и затворени кафулиња

Но, сите овие повици и молби да луѓето останат дома резултираа со тоа да некои некои брачни парови едноставно повеќе не се во состојба да ја издржат заедничката изолација.

Како што пренесува СиБ.хр, тој бил во брак триесет години и имал прикладен брак. Барем така изгледало.

Но, овој жител на Осијек од долг и хармоничен брак, решил да се оддалечи малку и својот мир да го бара надвор, па така подигнал шатор во дворот на сопствената куќа.

Според неговите соседи откако го сторил тоа повторно бил среќен и сега има одлични односи со сопругата.

Соседот веќе неколку дена е во неговиот шатор. Тој стави маса, столови пред него, а повремено нашиот друг сосед доаѓа да пие ракија. Јас го посетив и тој вели дека сега стои одлично со сопругата “, изјави неговиот сосед.

Извор: Сиб.хр