Грчката полиција, со помош на американската полиција,спречи голем ланец на  шверцери на кокаин, при што  уапси тројца странски државјани од кои двајца се жители на Албанија и еден на Хрватска.

Полицијата покренала истрага во  атинското предградие Брахами, а за време на операцијата во стан пронашла 105 килограми кокаин и околу 800.000 евра.

Министерот Михалис Хрисохоидис се заблагодари на полицијата и  на Твитер и објави краток преглед на резултатите од операцијата.