x

Хрватски клуб им ги намали платите на играчите, на „удар“ и наш фудбалер

Хрватскиот клуб Осијек се реши да им ги намали платите на играчите на дури 50% поради кризата која се очекува поради коронавирусот. Во моментов во Хрватска, како и во другите земји не се игра фудбал поради пандемијата на овој вирус.

На „удар“ е и нашиот фудбалер Тодор Тодороски кој што настапува за овој тим. Меѓутоа тој и неговите соиграчи прифатиле ваков чекор. Се чини дека многу клубови ќе се решат на ваков радикален чекор, па дури и поголеми како што се Барселона, Јувентус, ПСЖ кои најавија намалување на примањата на играчите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата