Во бањите повеќе нема да биде пропишана када, ќе биде доволен и туш, а хотелските соби домаќините во иднина нема да бидат обврзани да ги опремат со радио, па и ТВ, пегла и дополнителна перница, како досега.

Петте ѕвезди на хотелските куќи, како и што се најавуваше, во иднина ќе можат да ги добијат ако немаат ни базен, сауна, фитнес или џакузи. Сите тие ситни и крупни работи хотелите секако ќе можат да ги имаат со цел дополнително да им удоволат на своите гости, а за тоа ќе бидат наградени и со бодови.