Хрватските весници меѓу најскапите
Хрватските дневни весници се меѓу најскапите печатени медиуми во Европа, објавува загрепски “Вјесник”, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на словачката агенција “ГФК”. Со цена од шест куни или 0,82 евра хрватските весници се и најскапи меѓу земјите во транзиција, а се и неколку пати поскапи од весниците во СЦГ, Словенија и Русија. Најевтини весници од државите од некогашниот “источен блок” има во Романија и Албанија. Најтиражен романски весник е “Либертатеа” со цена од 0,14 евра, а најтиражниот албански весник “Шекули” е нешто поскап со цена од 0,16 евра. Македонските дневни весници чинат меѓу 0,16 и 0,32 евра.(МИА)