x

Хрватскиот селектор за Македонија: Тие се најслаби во групата

hrvatska-zeni-kosarka

Македонската женска кошаркарска репрезентација, против Хрватска во четврток ги продолжува квалификациите за ЕП 2021. Хрватска е апсолутен фаворит на мечот кој се игра во Рига, како прв од натпреварите од ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА.

Селекторото на Хрватките, Стипе Бралиќ, пред мечот вели дека Македонија објективно е најслаба селекција во групата.

„Селекцијата на Македонија е најслабата во нашата група. Меѓутоа, ни требаат тие бодови, и очекувам тој натпревар да го решиме во своја корист, без оглед на големиот број на изостанувања. Позитивно е тоа што прво играме против нив, за да можеме малку да го почувствуваме теренот пред средбата со Летонија“, изјавил Бралиќ.

Поради проблеми со коронавирусот, Бралиќ не може да смета на некоку стандардни репрезентативки како Тиквиќ, Слоњшак и Катавиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата