Минимална, но злато вредна победа од 2:1 во дуелот против актуелниот европски шампион, селекцијата на Шпанија, забележа репрезентацијата на Хрватска која ја освои и првата позиција во групата “Д”.

“Црвената фурија” прва дојде во водство со погодокот на Алваро Мората, но во финишот од првото полувреме на 1:1 израмни Никола Калиниќ.

Во 72 минута, капитенот на Шпанија, Серхио Рамос промаши удар од белата точка, а во 87 минута во листата на стрелци се запиша Иван Перишиќ.

Сигурна победа од 2:0 во дуелот против селекцијата на Чешка, забележаа репрезентативците на Турција кои останаа во игра за пласман во 1/8 финалната рунда. Поради поразот од Хрватска, селекцијата на Шпанија во 1/8 финалната рунда ќе игра против репрезентацијата на Италија.

ГРУПА Д: Хрватска – Шпанија 2:1, Турција – Чешка 2:0. Табела: Хрватска 7, Шпанија 6, Турција 3, Чешка 1 бод.