Хрватската шахистка и повеќекратен првак Марина Зелиќ (71) починала од срцев удар за време на партија шах на меморијален турнир. За време на партијата ѝ се слошило, била повикана брза помош, но докторите не успеале да ја реанимираат.

Марина Зелиќ во 80-тите години трипати по ред беше првак во шах во Хрватска, а по осамостојувањето на земјата поради работни обврски ретко играла професионално.

Одиграла вкупно 73 прволигашки натпревари, а важела за солиден и цврст играч.

извор: Makfax