Хрватска од денеска па во наредните шест месеци ќе претседава со Советот на Европската Унија под мотото „Силна Европа во светот со многу предизвици“.

Официјалното одбележување на почетоткот на претседавањето ќе биде на 9 јануари, кога во Загреб ќе пристигнат членовите на Европската комисија на чело со претседателката, Урсула фон дер Лајен.

Шестмесечното претседавање на Хрватска ќе има четири приоритети – Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна. За време на хрватското претседавање ќе се одржи и неформалниот состанок на лидерите од земјите на Западен Балкани на 7 мај во Загреб, кога тема ќе биде и датумот за Северна Македонија за почетокот на преговорите за членство во Унијата.

извор: Makfax