x

Хрватска не успеа, Шпанија го одбрани тронот

Шпанија постана првата селекција по Шведска која успеала да ја одбрани титулата на Европското првенство. „Црвената фурија“ во финалето ја совлада Хрватска со 22-20 и ја спречи да дојде да првиот златен медал на овие натпреварувања.

Во „Теле 2“ Арената двате селекции одиграа одличен натпревар, нијанси го одлучија победникот.

Добро отворија избраниците на Лино Червар, имаа контрола на резултатот, прво поведоа со два гола (0-2 и 6-8), а потоа со головите на Карачиќ и Мариќ, дојдоа на плус три (7-10) во 19 минута.

Рибера веднаш повика тајм-аут, кој вроди плод. Хрватска влезе во криза (Червар ги извади Дувњак и Карачиќ), на другата страна со четирите интервенции во низа на Перес Де Варгас (еден седмерец), трите погодоци на Македа и еден на Кањелас, Шпанија за првпат поведе на мечот (11-10).

По цели 11 минути, Хрватска успеа да го совлада Де Варгас и да израмни на 11-11. На полувремето сепак актуелниот шампион замина со минимални 12-11.

Со погодокот на истекот на полувремето, Шпанија направи серија од 5-1 и поведе со највисоки 16-12 во 36. минута, период во кој Хорват доби исклучување, а мрежата на Хрватска беше празна.

„Коцкестите“ со два гола во низа намалија на 16-14, но следеа бројни грешки на двете страни, овој пат момците на Рибера влегоа во криза, доволен знак за тајм-аут. Карачиќ намали на 16-15, но Душебаев врати за 17-15 на средината на вториот дел.

По само неколку минути, Хрватска успеа да израмни на 18-18 за драма во „Теле 2“ Арената. На двете страни видовме бројни грешки, влогот беше голем, а како одминуваа минутите притисокот голем. Степанчиќ со бомба го прекина „постот“ на својата земја од пет минути за водство од 18-19 на нецели 7. минути до крајот. Гомез пак од седум метри стави крај на седуминутната криза за 19-19.

Шпанија остана со играч помалку на четири минути до крајот, но успеа да држи ритам, беше 20-20 во 58. минута. Гомез одново беше успешен од седум метри, ракометарите на Хрватска направија грешка, движење повеќе направи Карачиќ, Душебаев казни за 22-20, а де Варгас одбрани.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата