Според најновите статистички податоци на Меѓународниот монетарен фонд Хрватска го помина прагот на најзадолжена замја во регионот и сега е една од најзадолжените во светот. Овие негативни движења се забележани уште од 2002 година. По конкретно кажано, уделот на надворешниот долг во бруто-домашниот производ лани во Хрватска изнесувал дури 85,2 отсто, додека во презадолжените земји во источна Европа тој сега изнесува околу 50 отсто.