Европската унија ја критикува Хрватска поради етничка пристрасност и политичко мешање во истрагите и судските процеси за воени злосторства кои се водат пред нејзините судови и бара подобра заштита на сведоците, објавија вчера хрватските весници, кои додаваат дека ЕУ од Загреб бара да ја продолжи соработката со Хашкиот трибунал. МИА пренесува дека во извештајот на ЕУ, кој се подготвува за состанокот на Советот за примена на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Хрватска со Унијата, што ќе се одржи наредната недела, се критикува и слабата примена на програмата за згрижување на српските повратници кои порано имале станарско право во Хрватска. Посебна критика и е упатена поради недоволниот напредок во борбата против корупцијата.