На денешната седница, хрватската влада објави можност за скратување на работното време, како нова мерка за зачувување на работните места, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус.

Оваа мерка ќе се спроведе во втората половина на годината и ќе се однесува на компании кои вработуваат повеќе од 10 лица.

Министерот за труд и социјална заштита, Јосип Аладровиќ, рече дека владата, заедно со синдикатите и работодавците, изработуваат критериуми за поддршка на зачувување на работните места преку намалување на работното време. Поддршката би важела од 1 јули до 31 декември годинава.

Направено е така што на работодавците на кои поради деловни тешкотии и опаѓање на деловните активности им е потребна работа со скратено работно време, ќе им се овозможи да кофинансираат пропорционален дел од платите во согласност со скратеното работно време, пренесуваат хрватските медиуми.

извор: Makfax