Хрватите се селат
На завчерашната свеченост на Здружението на Хрватите во Бања Лука беше речено дека за жал во последно време се повеќе нивни сограѓани од хрватско потекло се иселуваат од градот во матичната земја или во странство. Како основна причина беше потенцирана економско-социјалната состојба и големата невработеност на севкупното население. Дали поради свечениот карактер на средбата не беше ништо кажано за евентуално присилно иселување и национална нетрпеливост.