Хрватските медиуми тврдат дека токму висината на месечната плата би била најголемиот проблем околу враќањето на Червар. Според Хрватите, Червар годишно има околу 250.000 евра од водењето на Металург и македонската репрезентација. Како селектор на Хрватска би добил најмногу 60.000 евра.

Досега вкупната плата на Бабиќ, Балиќ и Метличиќ била 10.000 евра месечно.

Сепак, според хрватските медиуми Червар е расположен за враќање дома, и покрај тоа би дошол како „спасител”. Иако има 66 години се уште има енергија за работа. Ги има и олимпиското и светско злато, па ова со водењето на ЕП на Хрватска би можела да му го донесе и толку поскауваниот медал, златото од ЕП.