x

Хоџсон по „катастрофата“ од Ливерпул ја насмеа целата јавност: „Изгуби подобриот тим“

hodjson-i-klop

Денеска Ливерпул со убедливи 0:7 го совлада тимот на Кристал Палас на гостински терен. После натпреварот, тренреот на Палас, искусниот Рој Хоџсон даде интересна изјава, со која го „пецна“ и Мурињо.

„Загуби подобриот тим“, рече Хоџсон, алудирајќи на онаа изјава на Португалецот по поразот од Ливерпул кој ја кажа истата реченица.

„Сега сериозно. Понижени сме, и многу сме тажни по овој пораз. Ништо не функционираше. Не можам да најдам ништо позитивно. Ова е нешто ново за нас“, истакна Хоџсон.

Сега ќе биде интересно да се види како ќе реагира Мурињо, кој сигурно нема да остане „нем“ после ова изјава на искусниот Хоџсон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата