Во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа прес-конференција по повод официјалното примопредавање на функцијата министер.

Досегашниот министер, Трајан Димковски официјално ја предаде функцијата на новиот, Арјанит Хоџа.

Хоџа истакна дека е голема чест, но и одговорност да се води ова комплексно министерство.

„Ова министерство ќе биде партнер со земјоделците и со откупувачите за да може да го зајакнеме земјоделството како гранка, а со тоа и целокупната економија во нашата држава“, изјави новиот министер.

На настанот беше соопштено дека сите започнати проекти ќе продолжат да се реализираат во насока на остварување на целите за развој и унапредување на земјоделството со цел успешно интегрирање во Европска Унија.

извор: Makfax