Премиерот на владата во Приштина, Авдулах Хоти, ја изрази својата загриженост ткако американската амбасада објави дека ќе се повлече од постапката за избор на членови на обвинителскиот совет на Косово и главни обвинители.

Длабоко сум загрижен за одлуката на американската амбасада да се повлече од набудување на процесот за избор на главни обвинители и членови на обвинителскиот совет на Косово. Нивната грижа треба да се сфати сериозно, објави Хоти на Фејсбук.

Тој посочи дека само транспарентен процес, без никаков судир на интереси или политичко влијание, обезбедува избор заснован на заслуги.

Хоти истакна дека владата, преку Министерството за правда, „работи на реформа на судството, вклучително и проверка на кандидатите“.

Овој процес ќе обезбеди транспарентен судски систем, со внатрешна отчетност и контрола, тврди Хоти. Американската амбасада во Приштина претходно објави дека „поради нетранспарентниот и функционално нарушен“ процес на избор на нови членови на Обвинителскиот совет на Косово и главните обвинители, „ќе престане да го следи тој процес“.