Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека нема да има поделба на Косово и дека територијалниот интегритет е тема којашто е тргната од дневниот ред и никој повеќе не ја споменува.Во објавата на Фејсбук, Хоти рече дека заедно со меѓународните пријатели, го вратил Косово таму кадешто припаѓа.

„По нарушените односи со ЕУ и САД, сега имаме поддршка од сите за целта на дијалогот, а тоа е заемно признавање и нормализирање на односите. За еден месец, ја отстранивме темата за каква било расправа за територијалниот интегритет на Косово од секоја дискусија, која никој веќе не се споменува”, рече косовскиот премиер, пренесува Косово онлајн.

Според него, ваквиот пристап кон дијалогот е легитимен и единствен, а помина и времето на изолационистичка политика и страв од конфликт.

„Ние решително и храбро избегнавме ќор-сокак и ги преземавме државните одговорности во дијалогот. Ние го сторивме тоа без двоумење, бидејќи се водевме од принципот на зачувување на територијалниот интегритет и единство на државата, како и целосно почитување на уставноста“, рече Хоти.

извор: Makfax