Хотелот, кој се наоѓа на самиот влез во Будва, на 50 метри од познатата Словенска плажа, речиси две години не работи поради неплатени долгови кон неколку црногорски институции.

„ЕПС Турс‟ плаќа во Црна Гора годишен данок на имот за хотел „Парк‟ во Будва дури четири пати повеќе од вообичаеното, а причина за овие огромни трошоци е неиспочитуваната категоризација на хотелот.