x

Хоспитализиран Алехандро Сабеља, еден од најдобрите аргентински тренери

sabella

Поранешниот селектор на Аргентина Алехандро Сабеља е примен во болница во Буенос Аирес и тоа на интензивна нега само еден ден по смртта на Диего Марадона. Според информациите од Аргентина Сабеља е задржан на испитувања откако му се слошило.

66-годишниот тренер кој како тренер на Естудијантес го освои Копа Либертадорес во 2009 година и аргентинската Лига во 2010 година, а ја однесе Аргентина до финалето на Светското првенство 2014 година кое го загуби од Германија.

По тоа СП, Сабеља се повлече од тренерскиот занает, а во последните години се бореше со рак. Роднина на Сабеља соопшти дека смртта на Диего многу го погодила Сабеља и дека е однесен во болница на детален преглед со оглед на неговото слабо срце.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата