Деветмина морнари од американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ се пренесени во болница за да бидат лекувани од коронавирусот.

Повеќе од 4.100 од 4.800 членови на екипажот се префрлени на брегот за да бидат во карантин, а 710 биле позитивни на коронавирусот.

Според изјавата на морнарицата на САД, само 42 морнари се излечиле од коронавирусот откако носачот на авиони се закотвил во Гуам пред три и пол недели.

Бројот на хоспитализирани морнари се зголемува бавно, но постојано во текот на изминатата недела, пренесува АП.

Ниту еден од нив не е на одделение за интензивна нега.

Еден морнар починал од последиците од коронавирусот.

извор: Makfax