Групата руски воени специјалисти што работат во Венецуела според договорот за воена и техничка соработка, може да биде зглемена, рече министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаца, на прес-конференцијата во Москва.

„Ние треба да обезбедиме одржување на опремата и да разменуваме воени и технички информации.Оваа се одвива од 2001 година кога потпишавме договор за воена соработка.Во моментов, на територијата на Венецуела е присутна комисија од специјалисти и, без сомнение, таа може да се прошири “, рече Ареаца.

Тој посочи дека Венецуела ќе биде подготвена за секаков развој на настаните, вклучувајќи и воено сценарио, и ќе даде цврст отпор во случај на американска вооружена агресија.

„Ќе бидеме подготвени за секакво сценарио, но прво ставиме акцент на дипломатијата. Ние сме за мир и сакаме да разговараме со сите за мирот, но ако САД претпочитаат воен пат, ги имаме нашите вооружени сили, нашата наордна милиција и народот, и ќе бидеме подготвени не само да се спротивставиме и да возвратиме, туку да ја совладаме и уништиме секоја армија, колку и да е силна “, рече Ареаца.

 

извор: Makfax