Во 03 часот и 30 минути по полноќ во Битола на улица „Љубојно”, во куќата на 30-годишната Ѓ.Р. нејзиниот невенчан сопруг, 29-годишниот Б.С. од Скопје, физички ја нападнал.

Тој и ги одзел мобилните телефони, истурил запалива течност и го запалил прозорот и завесата. Ѓ.Р. со ќебе го изгаснала пожарот, по што Б.С. насилно го зел тригодишното дете и со неговото возило, заминал во непознат правец.

Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.