Жената (78), жртва на убиството во Гостивар, настрадала во сопствениот дом, дознава Алсат.

Според информациите на Алсат, сторителот бил во нејзината куќа, кадешто имало уште две други лица и ги нападнал со нож.

Возрасната жена починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.

Неофицијално, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.