ХОЛИФИЛД СО 42 Г. СЕ ВРАЌА ВО РИНГОТ
Поранешниот и единствен четирикратен светски првак во тешка категорија, Американецот Ивандер Холифилд, повторно се враќа во рингот. Тој на 19 овој месец ќе наполни 42 години, а на 13 ноември ќе боксува против својот сонародник Лари Доналд во “Медисон сквер гарден”, Њујорк. Иако, има само две победи во своите последни 8 настапи, Холифилд не се предава и ги отфрла шпекулациите дека му е крајно време за повлекување: – Најдоброто од мене с&”162; уште не дошло. Мојата цел е уште еднаш да ја освојам шампионската титула. Во Њујорк, истата вечер ќе се одржат уште три борби: Крис Бирд ќе ја брани титулата против Џемел Мек-Клајн, Џон Руис против Ендру Голота, а Хасим Рахман ќе боксува со Кали Механ.