Холивутскиот глумец Мајкл Даглас е во брак со колешката Кетрин Зита Џонс, со која има две деца, син Дилан (18) и ќерка Сајрус (15)

Даглас (74) бил на одвикнување од алкохол, а имал проблем и со наркотици. Од предозирање го загубил помалиот полубрат но и со мака го гледал најстариот син, кој станал зависник од хероин

Дејли мејл пренесува дека Даглас изразил страв и неговите помали деца кои ги има со убавата глумица да не ја доживеат истата судбина како неговите претци.

“Зависноста е од двете страни во моето семејство и моите деца го знаат тоа. Постојано зборуваме на таа тема”, рекол и додал дека стравот му го зголемува генетската наклонетост кон зависноста која владее во неговото семејство.

Од првиот брак со Диандра Лукер Даглас има син Камерон, кој бил во затвор седум години поради поврзаност со наркотици.

Од друга страна, неговата поубава половина Кетрин Зита се бори со депресија и биполарно пореметување.