“Поранешниот американски дипломат Ричард Холбрук последниве денови во медиумите упорно лаже дека непосредно по војната во БиХ не направил тајна спогодба со тогашниот претседател на РС , Радован Караџиќ. Јас лично бев сведок на спогодбата која се потпиша на петти мај 1996 година” – вели Владимир Надеждин, поранеше шеф на кабинетот на Слободан Милошевиќ.

Според него, договорот меѓу Холбрук и Караџиќ предвидувал Радован да се повлече од сите функции, а за возврат на тоа да биде ослободен од секакви гонења на Хашкиот трибунал. Тој категорички го демантира пишувањето на бањалучкиот магазин “Фокус” дека договорот имал и клаузули кои предвидувале финансиски надомест или имотни бенифиции. “Фокус” пишуваше дека на Караџиќ требало да му бидат обезбедени 600.000 долари во локална валута за животни трошоци за период од шест години, обезбедување и резиденција на место кое претходно ќе биде договорено.