За вчера попладне, во земјава се очекуваше да пристигне делегацијата на холандската ИНГ-банка која изрази интерес за купување на Поштенска банка Скопје. Дознаваме дека високите претставници на банката доаѓаат со цел на Владата да и ја достават понудата за купување на Поштенска, за што денеска ќе имаат средба со премиерот Владо Бучковски, гувернерот на НБРМ Гошев и со акционерите. Дознаваме дека во текот на денешниот ден или најдоцна утре понуда до Владата за купување на Поштенска ќе достави и “Нова љубљанска банка”, која е сериозно заинтересирана не само за откуп на пакетот од 66 отсто од акциите од “Европа 92” и “Ноел”, туку и за откуп на пет до десет отсто од акциите што во Поштенска ги поседува државата преку “Македонска пошта” кои се во висина од 33 отсто од вкупниот Капитал и една златна акција. (В.М.Б.)