Холандскиот крал Вилем-Александер се извини за прекумерното насилство против Индонезија за време на колонијалната влада на неговата земја, што е прво извинување од монархијата за таа азиската земја.

Извинувањето се однесува на насилството извршено од холандската влада за време на борбата за независност на Индонезија од 1945 до 1949 година, кога Холандија конечно ја призна како независна нација.

„Би сакал да изразам жалење и да се извинам за прекумерното насилство извршено од Холанѓаните во тие години“, рече Вилем-Александер денес во претседателската палата Богор за време на посетата на Индонезија.

„Ова го правам целосно сфаќајќи дека болката и тагата на семејствата што поминале низ тие настани се уште се чувствуваат и денес“, додаде тој.

Холандската влада претходно се извини на Индонезија и им исплати обештетување на преживеаните.

Оваа островска држава беше една од холандските колонии од 1800 до 1949 година. Индонезија била важен извор на приход за европската земја благодарение на трговијата со зачини, скапоцени метали и минерали.

 

извор: Makfax